Според Ле Дриан, градот Рака, окупиран од страна на милитантите на „Исламска држава“, е опколен и неговото ослободување може да започне наредниве денови.
Како што истакна Конашенков, оптимизмот на францускиот министер „има некакви специфични национални извори на инспирација и не се поврзани со реалноста и ситуацијата „на теренот“.
„На секој воен стручњак му е јасно дека ослободувањето на Рака нема да биде лесно за меѓународната коалиција. Реалниот успех и времето на завршување на таа операција ќе зависи директно од разбирањето и подготвеноста да се координираат своите дејствија со сите сили кои се борат во Сирија против меѓународниот тероризам“, истакна тој, пренесува РИА „Новости“.
Конашенков потсети на ситуацијата во Мосул. „Сличните оптимистички слогани за опколување и скора победа на коалицијата во ирачки Мосул веќе резултираа со значителни загуби на ирачките сили и сѐ поголемата хуманитарна катастрофа“, рече тој, истакнувајќи дека во можноста за целосно ослободување на градот престанале да веруваат „дури и најголемите оптимисти“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче