„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во Чеченија

Росгвардија го нарече нападот уште еден доказ за тоа дека Русија се наоѓа на истурената позиција на борбата со меѓународниот тероризам.

Терористичката група „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот врз касарната на Росгвардија во Чеченија, соопштува мониторинг-групата SITE Intel повикувајќи се на „Амак“ (Amaq) (информативната служба на ИД).

Од Росгвардија го нарекоа тоа соопштение уште еден доказ за тоа дека Русија се наоѓа на истурените позиции на борбата со меѓународниот тероризам.

„Шестмината војници кои загинаа како резултат на нападот, до крај го исполнија својот војнички долг. Бандитите беа уништени. Борците на Росгвардија докажаа дека им се спротивставуваат на терористичките закани и сигурно го обезбедуваат мирниот живот на руските граѓани“, се вели во соопштението на Росгвардија.

Според информациите на првиот човек на Чеченија Рамзан Кадиров, напаѓачите сакале да дојдат до оружјето кое се чува во базата. Двајца терористи се од Ростовската област, еден од Волгоградската, а останатите тројца се од Чеченија, пренесува „Лента.ру“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња