Путин изрази сочувство до Велика Британија

Претседателот на Русија Владимир Путин изрази сочувство до британскиот премиер Тереза Меј во врска со терористичките напади во Лондон и ја нагласи потребата за реално обединување на напорите за борба против тероризмот, се вели во соопштението на Кремљ.

„Силите на теророт дејствуваат сѐ поподмолно и поцинично. Очигледно е дека за спротивставување на терористичката закана е потребно реално обединување на напорите на сите членови на меѓународната заедница“, изјави рускиот претседател, пренесува РИА „Новости“.

Путин, исто така, го изрази своето сочувство и поддршка до ужалените семејства и желби за поскоро оздравување на настраданите.

Терористичкиот напад во Лондон се случи во 14:40 часот по локално време во средата на едно од најпопуларните туристички места во градот: автомобил, кој возел по мостот Вестминстер, се качи на тротоарот, собори неколку луѓе, дојде до зградата на парламентот каде напаѓачот беше запрен од полицијата. Тој прободе еден полицаец, кој потоа почина.

Во терористичкиот напад, според последните информации, загинаа 4 лица, ранети се 40, а терористот беше ликвидиран од полицијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња