Ле Пен ќе ја посети Москва

Лидерот на француската партија „Национален фронт“ и кандидат за претседател на Франција Марин Ле Пен ќе ја посети Русија во петок, 24 март, во рамките на соработката на пратениците во Државната Дума со политичките кругови на Француската Република, изјави претседателот на комитетот на Државната Дума за меѓународни работи Леонид Слуцки.

„Лидерот на француската партија „Национален фронт“, еден од кандидатите за функцијата претседател на Франција, Марин Ле Пен ќе ја посети Русија на 24 март на моја лична покана како шеф на комитетот за меѓународни работи и координатор на пратеничката група за врски со парламентот на Француската Република“, изјави Слуцки.

Според него, посетата ќе се одржи во рамките на традиционално тесната соработка на пратениците на Државната Дума со политичките кругови на Француската Република.

„Марин Ле Пен ќе земе учество во седницата на комитетот за меѓународни работи, и ќе се сретне со раководството на Државната дума. Претстои дискусија за актуелните проблеми од меѓународната агенда, како што е спротивставувањето на тероризмот, како и прашања од руско-француската соработка“, објасни парламентарецот, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња