Кремљ се надева дека Киев ќе ја смени одлуката за Самојлова

Кремљ се надева дека руската пејачка Јулија Самојлова ќе може да учествува на „Евровизија“, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

„Несомнено, одлуката на украинската страна сериозно го девалвира претстојното натпреварување, веројатно, ова е удар за престижот на „Евровизија“, рече Песков.

Според него, Кремљ знае дека претставниците на натпреварувањето изразиле жалење поради одлуката на Киев.

„Ние, исто така, сметаме дека тоа е крајно несреќна одлука и, всушност, ние, се разбира, би очекувале дека оваа одлука ќе биде повторно разгледана до натпреварувањето и дека руската учесничка ќе може да учествува на ова натпреварување“, додаде Песков.

„А што се однесува до украинската страна, уште една ќе повторам, одлуката од наша гледна точка е апсолутно неправедна, таа е за жалење, и ние сепак се надеваме дека ќе биде ревидирана“, рече Песков, пренесува „Газета.ру“.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња