СБУ соопшти дека привела девет руски специјални агенти

Службата за безбедност на Украина соопшти дека привела група руски агенти уште во март годинава.

Во Украина се приведени девет члена на агентурна мрежа на руските специјални служби, изјави раководителот на кабинетот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Александар Ткачук, соопштува „Рамблер Њуз Сервис“.

Според него, во операцијата „за неутрализирање на резидентурна мрежа“ учествувале припадници на СБУ и специјалната единица „Алфа“. Ткачук прецизираше дека групата наводно дејствувала на југоистокот на републиката, а приведувањата биле извршени уште на 19 март, пренесува „112 Украина“.

„Оваа резидентурна мрежа, која била формирана од активни и поранешни воени лица, добила примарна задача – агентурно навлегување во објекти на критичната инфраструктура на јужните региони на нашата земја, прибирање информации за овие објекти, навлегување во воените објекти на нашите ВСУ прбирање на релевантни информации, како и прибирање информации со ограничен пристап во врска со распоредувањето на украинските единици“; изјави Ткачук, додавајќи дека во создавањето на мрежата била вклучена Главната управа на Генералштабот на Вооружените сили на Русија.

Покрај тоа, тој тврди дека членови на групата се занимавале со подготовка и извршување на саботажи и терористички напади на југот на Украина, а исто така го поддржувале и основањето на Одеската Народна Република. Дејствијата на мрежата наводно ги координирала жена-агент - државен службеник од Одеса. Според Ткачук, таа била обучувана во разузнавачки центар на Крим.

Досега нема коментари од руска страна, пишува „Лента.ру“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња