Видео: Руската војска во близина на сирискиот град Африн

Руските војници пристигнаа во населеното место Кафр Џана во близина на сирискиот град Африн, изјави директорот на Курдскиот истражен центар Наваф Халил.

На видеата кои ги покажа Халил се гледа како во населбата влегува воена техника под руски знамиња: оклопни возила БТР, борни коли „Тигар“ со натпис „Воена полиција“, КамАЗи, полски кујни, пренесува „Взгљад“.

Исто така се гледаат и луѓе во руска униформа и маски.

Халил изјави дека курдските „Одреди на народната самоодбрана“ сметаат на зацврстување на соработката со Русија за борба со тероризмот.

Демократската партија на Курдистан објави на својот ресурс  Rudaw фотографии на кои, како што се тврди, се снимени војници на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни в Африн. 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња