Русија ќе ѝ го исплати на Босна и Херцеговина последниот советски долг

Заменик-министерот за финансии на Русија Сергеј Сторчак изјави дека Русија потпиша договор со Босна и Херцеговина за исплата на последниот невратен долг од обврските на поранешниот СССР.

„Денеска се одржа потпишување на меѓувладина спогодба меѓу Руската Федерација и Босна и Херцеговина за регулирање на обврските на поранешниот СССР во пресметките поврзани со трговскиот промет меѓу поранешниот СССР и поранешна Југославија“, изјави Сторчак, пренесува RT.

Заменик-министерот истакна дека Босна и Херцеговина остана единствената земја од кредиторите на СССР спрема која долгот не бил сервисиран.

Тој додаде дека износот на долгот изнесува 125,2 милиони американски долари и подлежи на намирување со еднократно плаќање во рок од 45 календарски денови од денот на стапување во сила на спогодбата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња