На самитот на Г-7 во мај ќе се разговара и за Русија

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони изјави дека на самитот на Г-7 на Сицилија се планира да се дискутира за односите со Русија.

„Агендата на самитот вклучува важни меѓународни прашања и меѓу нив, се разбира, односите со Русија. Ние се стремиме кон тоа, заедно со политиката на санкции да се прават чекори во насока на отвореност и дијалог“, изјави Џентилони, пренесува RT.

Самитот на седумте најразвиени земји - САД,Канада, Италија, Германија, Франција, Велика Британија и Јапонија – треба да се одржи на крајот на мај на италијанскиот остров Сицилија.

Претходно министерот за надворешни работи на Италија Анџелино Алфано изјави дека се надева на скоро враќање на Русија во состав на форматот Г-8.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња