Московјанин осуден за обид да пренесе тенк преку граница

Судот во Чељабинската област осуди на условна казна московјанин кој во 2015 година се обидел да пренесе тенк Т-34-85 преку граница, соопшти регионалната прес-служба на УФСБ на Русија.

Тенкот бил откриен од граничарите при преглед на возот кој ја преминувал руско-казахстанската граница на граничниот премин „Картали“. Тенкот од времето на Втората светска војна според документите се водел како културна вредност на државата.

Московјанинот го набавил музејскиот експонат во Латвија за 20 илјади евра и го декларирал како предмет од историска колекција. Потоа тој склучил нов договор за продажба на тенкот за 230 илјади евра во Казахстан. Сепак не побарал дозвола за извоз од Русија на културни вредности поради високата царина и се обидел да го пренесе тенкот со воз.

Судот го осуди Московјанинот на три години лишување од слобода со услов да не го повтори делото во рок од една и пол година. Тенкот е конфискуван, пренесува РИА „Новости“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња