Британски политичар: Треба да ја убедиме Украина да почне дијалог со Русија

Британски политичар кој беше во посета на Крим смета дека Украина треба да почне дијалог со Русија заради мир во иднина.

Меѓународната заедница треба да изврши влијание врз Украина за почеток на конструктивен дијалог со Русија, изјави претседателот на одделението на Партијата на независност на Велика Британија за подрачјето Енфилд и Харинги (Лондон) Најџел Сусман на прес-конференција преку видео-линк меѓу Симферопол и Москва.

„Јас сум за мир и добри односи меѓу луѓето. Според моето мислење, би требало да ја поттикнеме Украина да почне дијалог со Русија и да продолжи понатаму за во иднина да живеат во мир и слога“, изјави политичарот, пренесува РИА „Новости”.

Најџел Сусман исто така одговори на прашањето на новинарите по повод информациите кои ги соопшти поранешниот народен пратеник Александар Шепељов за изнесувањето на повеќе од 800 милиони долари од Украина во оф-шор зони. Според Шепељов, во 2009 година сегашниот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Александар Турчинов и пратеникот во Врховната рада на Украина Руслан Лукјанчук во оф-шор зони префрлиле над 800 милиони долари од државниот буџет и траншата на ММФ. Шепељов тврди дека средствата се префрлени преку балтички банки, од кои најголемата компанија на Лукјанчук „Фортекс“, е регистрирана во Велика Британија.

„Не сум слушнал претходно за тоа, но не звучи добро. Верувам во луѓето и интересно е дека дури сто години по руската револуција сфаќаме колку е важно да му се даде власт на народот, за да можат во 21 век лидерите да престанат да играат игри и да ги пуштат луѓето да живеат“, изјави британскиот политичар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња