Москва го предупредува Токио за ризиците од распоредување на ПРО на САД

Русија ѝ укажа на Јапонија на сериозните ризици кои ги носи распоредувањето на глобалната ПРО на САД во регионот, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров по разговорите за безбедносни прашања во форматот „2+2“ во Токио.

„Укажавме на сериозните ризици кои ги носи распоредувањето во Азиско-Тихоокеанскиот регион на елементи на глобалната противракетна одбрана на САД“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.

Рускиот министер исто така го нарече американскиот систем за противракетна одбрана во Азиско-Тихоокеанскиот регион „непропорционален одговор“ на можните закани од страна на Северна Кореја.

Северна Кореја во последно време реализираше низа лансирања на ракети. По последните тестирања, Вашингтон и Сеул решија да го забрзат распоредувањето на противракетниот систем THAAD на територијата на Јужна Кореја.

Преговорите во форматот „2+2“ со учество на министрите за надворешни работи и одбрана на Русија и Јапонија се одржуваат во понеделникот, 20 март, во Токио.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња