МО на РФ демантира дека гради нова воена база во Сирија

Министерството за одбрана на Русија ги негира информациите за наводното распоредување на „нова руска воена база на подрачјето на градот Африн во сириската провинција Алепо.

Ова се наведува во соопштението на Одделот за информација и масовни комуникации на рускиот одбранбен ресор, пренесува RT.

„Нема никакви планови за распоредување на територијата на Сириска Арапска Република на нови руски воени бази“, се вели во соопштението.

Претходно агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на претставник на курдската милиција соопшти за поставувањето руска воена база на подрачјето на градот Африн.

„За спречување на кршењето на режимот на прекин на борбените дејствија, едно од одделенијата на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни ќе биде распоредено во провинцијата Алепо кај населеното место Африн,  во областа на разграничување на одредите на курдската милиција и на формациите на Сириската слободна армија кои се под контрола на турската страна“, додава рускиот одбранбен ресор.

Се истакнува дека во согласност со руско-турскиот договор од 30 декември 2016 година, единиците на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни на територијата на Сирија вршат деноноќен мониторинг на режимот на прекин на борбените дејствија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња