Русија го одбележува Денот на подморничарот

Во недела руските подморничари го одбележуваат својот празник.

Пред 111 години царот Николај II ги вклучи во класификацијата новите воени бродови. Први во состав на флотата влегоа подморниците „Форель“(Пастрмка), „Сом“ и „Осётр“ (Есетра).  Празникот на морнарите им го честиташе командантот на Воено-поморската флота Владимир Королев, информира телевизискиот канал „Русија 24“.

Последниве години, подморничката флота на Русија минува низ масивна обнова. Црноморската флота веќе доби шест дизел подморници од класата „Варшавјанка“, уште толку ќе бидат изградени за Тихоокеанската флота. Се градат и атомски подморници од серијата „Бореј“ и „Јасен“. Конструкторите  работат и на перспективни проекти.

Според Владимир Королев, приоритет во ВМФ е обновата на групите стратешки нуклеарни подморници во Северната и Тихоокеанската флота. Исто така, „со Државната програма за изградба на воени бродови во периодот до 2050 година се дефинирани јасни насоки за понатамошна изградба и развој на сите компоненти на Подводните сили“, пренесува „Вести.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња