Совет на Федерацијата: Изјавите на Тилерсон се неодговорни

Изјавите на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон за можноста Јапонија и Јужна Кореја да поседуваат нуклеарно оружје за одвраќање на Северна Кореја се неодговорни, изјави претседателот на комитетот за одбрана на Советот на Федерацијата Виктор Озеров.

„Тие одлуки се неодговорни, имајќи ја предвид терористичката закана недозволиво е да се распространи нуклеарното оружје на земјината топка“, изјави Озеров, пренесува RT.

Според него, Русија ќе ги оцени последиците од таквата одлука доколку истата биде донесена.

„Руската нуклеарна тријада во целост ги обезбедува суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја“, додаде сенаторот.

Претходно Тилерсон изјави дека не исклучува донесување одлука со која може да им се дозволи на Јужна Кореја и Јапонија да поседуваат нуклеарно оружје.

 

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.