„Ројтерс“: Трамп и Меркел ќе разговараат и за односите со Русија

Лидерите на САД и на Германија Доналд Трамп и Ангела Меркел на својата прва средба ќе разговараат и за односите со Русија, истакнува „Ројтерс“.

Американскиот претседател и германската канцеларка на својата прва средба ќе дискутираат за финансирањето на НАТО и односите со Русија, соопштува „Ројтерс“ повикувајќи се на службеници во администрацијата на САД.

Трамп, меѓу другото, ќе се обрати до Меркел со совет како да се однесува со претседателот на Русија Владимир Путин, со кого таа има контактирано и соработувано повеќе пати.

„На претседателот ќе му биде многу интересно да го слушне мислењето на канцеларката за нејзиното искуство од соработката со Путин“, изјави за „Ројтерс“ претставник на администрацијата, пренесува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња