Мистериозни линии во руските степи збунија европски астронаут

Астронаутот на Европската вселенска агенција Тома Песке, еден од членовите на мисијата на Меѓународната вселенска станица (МВС), објави на социјалните мрежи фотографија од испрекинати линии на територијата на Русија, признавајќи дека не може да ја објасни нивната намена.
Minimalist snow art

 

„Снежен минимализам во Русија. Не можам да ги објаснам овие со километри долги паралелни линии“, напиша Песке под фотографијата објавена на сајтот „Фликр“.

Во коментарите му објаснија дека на снимката е масивниот заштитен шумски појас Белаја Калитва, насаден во средината на минатиот век за заштита на степите на европскиот дел на Русија од суша и суви ветрови, пренесува „Взгљад“.

Шумскиот појас почнува од левиот брег на реката Северски Донец кај селцето Бородинов, а завршува 16 километри јужно од Пенза кај населеното место Новаја Каменка. Вкупната должина на појасот изнесува 708,5 километри, вклучува три паралелни заштитни појаси широки околу 60 метри, распоредени на растојание од околу 350 метри еден од друг. На тој начин излегува дека ширината на заштитниот шумски појас е околу 700 метри.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.