Захарченко ја нарече Русија татковина на Крим и Донбас

Годишнината од кримскиот референдум е заеднички празник за Крим, Донбас и цела Русија, изјави на митинг во Симферопол лидерот на ДНР Александар Захарченко.

Празничната поворка, посветена на третата годишнина од мартовскиот референдум, чиј резултат стана припојувањето на Крим кон Русија, се движеше во четвртокот по централните улици на Симферопол. Потоа пред парламентот на Крим се одржа свечен митинг.

„Да, кај нас се води војна, во нас пукаат, кај нас гинат луѓе. Но 16 март не е само ваш празник. На 16 март пред три години Вие тргнавте напред, ние по вас. Тоа е наш заеднички празник и најважно – тоа е празник на нашата татковина Русија“, изјави Захарченко, пренесува РИА „Новости“.

Лидерот на ДНР им ја честиташе на Кримјаните победата и враќањето во состав на Русија.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.