Постојан претставник на САД во ООН: Да не ѝ се верува на Русија

Постојаниот претставник на САД во ООН Ники Хејли изјави дека не може да ѝ се верува на Русија.

Постојаниот претставник на САД во ООН Ники Хејли изјави дека Вашингтон не треба да ја потценува „руската закана“, соопштува Ен-Би-Си Њуз.

„Однесувајте се спрема неа сериозно. Не можеме да ѝ веруваме на Русија. Никогаш не треба да ѝ веруваме на Русија“, изјави таа во интервју за телевизијата.

Коментирајќи ги зборовите на дипломатот за Русија, потпретседателот на Државната Дума Ирина Јароваја ги нарече „самооправдание за грешките на американската надворешна политика“ кои „традиционално многу скапо го чинат светот“.

„Неспособноста да се верува – како по правило, е одлика на оние кои самите не се подготвени да ги исполнуваат обврските“, истакна Јароваја, пренесува РИА „Новости“.

На почетокот на февруари американската постојана претставничка исто така ги осуди во ООН „агресивните дејствија на Русија“, истакнувајќи притоа дека Вашингтон сака да ги подобри односите со Москва.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.