Русија ќе ја прекине испораката на гас преку Бугарија и Романија

Руската компанија „Гаспром“ со пуштањето во работа на поморската делница на гасоводот „Турски тек“ ќе ги прекине испораките во Турција преку Романија и Бугарија, се вели во меѓувладината спогодба на Русија и Турција.

Притоа, се вели во документот, до пуштањето во работа на поморската делница на „Турски тек“ на крајот на 2019 година во договорите за испорака на гас од Русија во Турција преку територијата на Бугарија треба да бидат внесени измени за пунктовите за испорака и техничките услови. Се истакнува дека измените нема да влијаат на комерцијалните услови на договорите за испорака на гас, пренесува „Взгљад“.

Според оценката на заменик-генералниот директор за гасни проекти на Фондот за национална енергетска безбедност Алексеј Гривач, испораките на гас директно во Турција под услов на задржување на договорните цени можат да бидат поволни за „Гаспром“, затоа што компанијата нема да мора да плаќа за транзит.

„Гаспром“ планира да почне со изградба на поморската делница на „Турски тек“ следниве неколку месеци.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња