„Ростех“: Турција подготвена да купи системи С-400 на кредит

Турција би сакала да купи ПВО-системи С-400 на кредит од Русија.

Турција е подготвена да купи противвоздушни ракетни системи С-400 доколку Русија ѝ даде кредит, изјави во програмата на телевизијата „Русија 24“ генералниот директор на „Ростех“ Сергеј Чемезов.

„Од Турција изразуваат желба, би сакале да добијат кредит, но прашањето засега не е решено. Министерството за финансии ги води преговорите – штом биде потпишан договор и биде донесена одлука за износот на кредитот, тогаш веќе ќе потпишеме договор за испорака меѓу другото и на С-400“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.

Претходно министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара разгледува различни опции за својата противракетна одбрана и дека С-400 е една од нив.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.