Песков даде оценка за филмот на Путин на Си-Ен-Ен

Филмот на телевизијата Си-Ен-Ен, посветен на претседателот на Русија Владимир Путин, има критички карактер, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

Според Песков, би било премногу оптимистично да се мисли дека одделен медиум „може да избега надвор од хистеричната емоционална позадина“, која денес преовладува во САД во однос Русија.

„Можеби ова се должи на фактот дека навистина овој филм, судејќи според сѐ, ќе биде и веќе е направен со критичка нота и, така да се каже, во насока на натамошна демонизација на нашата земја и, веројатно, и на нашиот претседател“, изјави портпаролот на Кремљ, пренесува „Лента.ру“.

Песков призна дека засега не го гледал документарниот филм, но чека можност да го погледне. „Заслужува позитивна оценка тоа дека тие дадоа можност да се учествува во тој филм и барем да го изложиме нашиот став за темите кои се во него, како што и направивме“, додаде тој.

Најавата на филмот „Најмоќниот човек на светот“, во кој се зборува за рускиот претседател, беше објавена во понеделникот на сајтот на телевизијата Си-Ен-Ен. Видеонајавата се состои од исечоци од кадри со вести и коментари за Владимир Путин. На пример, се слуша прашална реплика за тоа „дали тој ја искористи својата власт“ за да успее да биде избран новиот претседател на САД Доналд Трамп.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња