Кремљ ја нарече недопустлива политизацијата на „Евровизија“

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека е неприфатлива политизацијата на „Евровизија“.

„Што се однесува до политизацијата на Евровизија, јас веројатно би се воздржал од какви било коментари. Дефинитивна е безусловната желба да се избегне каква било политизација на Евровизија, и ние го сметаме тоа за апсолутно недозволиво од аспект на перспективите за развој на тоа меѓународно натпреварување“, изјави Песков.

Притоа тој истакна дека не постои ништо провокативно во изборот на учесниците на конкурсот.

Покрај тоа, портпаролот потенцираше дека можноста за влез на учесниците во Украина треба да се регулира со правилата на натпреварот.

Претходно беше објавено дека на претставничката на Русија на „Евровизија 2017“ Јулија Самојлова може да не ѝ биде дозволен влез Украина доколку таа јавно изразува поддршка за Крим, пишува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња