Кремљ: Можна средба на Путин и Трамп на самитот на Г-20

Претседателот на Русија Владимир Путин може да се сретне со својот американски колега Доналд Трамп на самитот на Г-20, кој ќе се одржи во Германија летово, или порано.

Ова го изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за Си-Ен-Ен, пренесува „Лента.ру“.

„Ако не се договориме за поран самит, тогаш, веројатно, можеме да очекуваме дека тие ќе се сретнат на самитот на Г-20 во Хамбург на почетокот на јули. Затоа што тоа ќе биде првото место каде што тие ќе се наоѓаат во исто време“, изјави портпаролот на Путин.

Според Песков, „она што навистина е важно е тоа што тие ќе седнат лице в лице и ќе зборуваат“.

На крајот на февруари заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков соопшти за почетокот на подготовката за средба на Путин и Трамп. Претходно истиот месец портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин и Трамп ќе се сретнат на самитот на Г-20 во Хамбург.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња