Руски министер го одобри рускиот аналог на вувузелата

Претседателот на Организациониот комитет на „Русија 2018“ Виталиј Мутко ја коментираше идејата на жителот на Електростаљ Рустам Нугаманов, кој предложи музички инструмент на навивачите на Светското фудбалско првенство 2018 година да бидат дрвени „лажици на победата“.

Според Мутко, „лажиците се добра опција“, пренесува „Взгљад“.

„Но, можеби ќе има уште некои други идеи. Ако навивачите смислат нешто, ние ќе ги поддржиме“.

„Сепак, замислете си каков грмеж ќе има ако 40 илјади навивачи дојдат на стадион со лажици. Можат и да ги забранат, како што беше случајот со каширолите во Бразил. Се сеќавате како во ЈАР цел стадион дуваше во вувузелите? Целиот свет побудалуваше“, истакна Мутко.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња