Русија распоредува крстосувачки ракети со копнено базирање, со што ги нарушува „духот и целите“ на Договорот за ракетите со среден и мал дострел и претставува закана за НАТО. Ова, како што соопштува „Ројтерс“, го изјави во средата заменик-претседателот на Здружениот комитет на началниците на штабовите на Вооружените сили на САД Пол Селва.
„Тој систем самиот по себе носи закана за мнозинството наши објекти во Европа и ние сметаме дека Русија свесно го распореди за да им се заканува на НАТО и на објектите во зоната на одговорност на НАТО“, изјави генералот, говорејќи на расправата во сенатскиот комитет за вооружени сили на САД.
Вашингтон го покрена наведеното прашање во текот на дискусиите со Москва, додаде Селва, без да се впушта во детали и без да прецизира дали преговорите вродиле со плод, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче