„Тајмс“: руските и американските војници најдоа заеднички јазик во Сирија

Руските и американските војници патролираат во околината на сирискиот град Манбиџ и тоа е најтесната соработка меѓу Москва и Вашингтон на бојното поле по крајот на Втората светска војна, пишува весникот „Тајмс“.

Тогаш, во април 1945 година, советски и американски војници се сретнаа на реката Елба. Денес тие сепак избегнуваат контакт, иако се наоѓаат на растојание од само осум километри едни од други, истакнува „Тајмс“.

Војниците патролираат во селата кои се наоѓаат 25 километри јужно од турската граница, трудејќи се да ги одвратат спротивставените страни од борбени дејствија. На двете страни се веат национални знамиња.

„Теоретски тие (руските и американските војници) служат како тампон-зона меѓу спротивставените Курди и милитантите, зад кои стои Турција. Но во пракса тие исто така ја демонстрираат новата геополитичка блискост која се случува меѓу двете страни за време на претседателот Трамп“, истакнува весникот.

Според портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис, војниците знаат за локацијата на другите во околината на Манбиџ. Притоа, како потенцира тој, двете страни „немаат желба да стапат во конфликт со било кого, освен со милитантите на ИД“, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња