Русите ги избраа најумните жени на Русија

Царицата Екатерина Велика, шефицата на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко, портпаролот на МНР РФ Марија Захарова и првата жена-космонаут Валентина Терешкова се на врвот на листата на најумните Русинки, составена според резултатите на анкетата на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Најумна жена, според мислењето на 6% од анкетираните, е нивната сопруга, девојка, мајка, сестра, велат резултатите од истражувањето објавено на сајтот на ВЦИОМ.

Како најумна жена испитаниците ја наведоа Валентина Терешкова (7%), уште 6% ја претпочитаат Валентина Матвиенко, царицата Екатерина Велика ја избраа 5% од анкетираните, а портпаролот на МНР Русија Марија Захарова - 3% од Русите, пренесува „Взгљад“.

Учесниците во анкетата ги наведоа и имињата на пејачката Ала Пугачова, хуманитарката Елизавета Глинка (Доктор Лиза), советската актерка Фаина Раневскаја. Повеќе од половината испитаници (52%) не може да дадат одговор на прашањето.

Анкетарите, исто така, побараа од испитаниците да ја именуваат најубавата, според нивното мислење, руска жена. Во овој случај, најчесто учесниците во анкетата ги наведуваа своите најблиски: мајка, сестра, животна сопатничка (5%).

Статистичката грешка не надминува 3,5%.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња