Новак: Русија има едни од најголемите резерви на нафта во светот

Министерот за енергетика на Русија Александар Новак во текот на рускиот појадок на конференцијата за нафта зборуваше за резервите на нафта во земјата.

„Русија поседува едни од најголемите резерви на нафта во светот – околу 14 милијарди тони, а ако се земат и нетрадиционалните резерви, таканаречените тешки за црпење, тоа се уште околу 10 милијарди тони“, изјави Новак, пренесува RT.

Министерот потенцираше дека Русија има колосални предности пред странските инвеститори.

Тој претходно соопшти дека резервите на нафта и гас што ги има Русија се доволни за повеќе од 50 години, а трошоците за производство изнесуваат вкупно 10-15 долари за барел, пренесува РИА „Новости“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња