„Искри под гасеници“: како да дрифтувате со тенк Т-80

Руските тенкисти се подготвуваат за улични трки со тенк.

Руските тенкисти станаа интернет-сензација по нивното „полициско вртење“ за 180 степени со 46-тонски тенк Т-80.

Судејќи според видеото, мастер-класот за дрифтување се одвива во една руска воена единица. Сепак, авторите на видеото не прецизираат во која. Очигледно, не сакаат да се најдат во објективите на камерите на националните телевизии, затоа што веднаш ќе бидат повикани „на отчет“.

По патувањето во Обединетите Арапски Емирати во 1993 година, Т-80 во руската армија не го нарекуваат никако поинаку освен „летечкиот тенк“.

Тогаш, пред петнаесет години, во текот на показната вежба, руските тенкисти јурнаа кон местото за отскок и во текот на „пикирањето кон земја“ со авионски татнеж успеаја да ја уништат целта, по што со доскок се приземјија на полигонот.

Тенкот Т-80 е вооружен со 125-мм тип и 7,62-мм митралез ПКТ. А на командната купола на тенкот има 12,7-мм противавионски митралез „Утјос“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња