Путин ѝ го честиташе на Валентина Терешкова 80-от роденден

Претседателот на Русија Владимир Путин ѝ подари на првата во светот жена-космонаут два подарока – скулптурата „Галеб слетува на вода“ и сликата „Галеби над Волга“.

„Драга Валентина Владимировна, дозволете ми искрено и срдечно да Ви го честитам јубилејот. Голема благодарност за Вашето служење на Татковината. Имаме два подарока. Тоа е Вашиот повикувачки знак  (Галеб (рус. Чайка). И извонредната, убава слика – „Галеби над Волга“. Слика токму, всушност, од вашите родни краишта“, изјави Путин на средбата со Терешкова, пренесува RT.

Рускиот лидер истакна дека почнувајќи со легендарниот лет во вселената Терешкова отсекогаш била пример и симбол за тоа како се служи на Татковината.

„Знам колку ја саката нашата голема, заедничка Татковина, Русија, и својата мала – Јарослављ, цело време на тоа мислите. Кога и да се сретнеме – секогаш зборувате за тоа. Во тоа всушност и е Вашата сила – во Вашиот срдечен однос спрема Татковината“, додаде рускиот претседател.

Терешкова од своја страна му се заблагодари на шефот на руската држава.

Првата жена-космонаут во светот Валентина Терешкова на 6 март го одбележува својот 80 роденден.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња