Москва загрижена поради лансирањето ракети во Северна Кореја

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Кремљ е загрижен поради лансирањето ракети од страна на Северна Кореја.

„Што се однесува до лансирањето на ракети од Северна Кореја, несомнено, ние сме сериозно загрижени. Тоа се дејствија кои водат кон понатамошен пораст на напрегнатоста во регионот“, изјави Песков, пренесува RT.

Според него, Москва ги повикува сите страни на воздржаност и е подготвена да врши размена на мислења со заинтересираните страни.

Претходно беше соопштено дека на 6 март Северна Кореја реализирала лансирање на четири ракети за кои се претпоставува дека се од нов тип. Од нив три паднале во ексклузивната економска зона на Јапонија.

Наведените дејствија на властите на Северна Кореја веќе ги осудија Токио, Вашингтон и Пекинг.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња