Пушков: Украина веќе загуби 15 милијарди долари и сака да загуби уште

Киев веќе загуби 15 милијарди долари од прекинот на трговските врски со Русија, изјави сенаторот Алексеј Пушков.

Сенаторот Алексеј Пушков ги коментира објавите на украинските радикали за блокирање на железничкиот сообраќај од Русија во градот Конотоп, истакнувајќи дека Киев веќе изгуби од прекинот на трговија со Русија 15 милијарди долари.

„Радикалите ја блокира пругата со Русија. Од прекинот на трговските врски со нас Украина веќе изгуби 15 милијарди долари. Малку е. Сака да изгуби уште“, напиша Пушков на „Твитер“.

Сенаторот ја нарече Украина единствената земја во светот која упорно и тврдоглаво дејствува на штета на своите интереси. „Ист е случајот кога омразата ги замаглува очите“, напиша тој, пренесува РИА „Новости“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња