Картаполов раскажа детали за улогата на ВКС во ослободувањето на Палмира

Командантот на руските сили во Сирија генерал-полковник Андреј Картаполов раскажа за тоа што придонело за ослободувањето на Палмира.

Успехот на операцијата за ослободување на сирискиот град Палмира стана можен благодарение на дејствијата на ВКС РФ и самопрегорот на сириските војници, изјави командантот на руските сили во Сирија генерал-полковник Андреј Картаполов.

„Би сакал особено да ги истакнам дејствијата на нашите Воздушно-космички сили (ВКС) на Русија, кои го лишија противникот од можноста да маневрира и навремено да доставува резерви, дејствијата на единиците на силите за специјални операции на Вооружените сили на РФ, кои вршеа извидување и ги неутрализираа најважните објекти“, изјави Картаполов за телевизијата „Русија 24“.

Покрај тоа, Картаполов ја истакна храброста и самопрегорот на сириските војници, офицерите и доброволците кои не го штедеа својот живот за да ја исполнат задачата и „да го вратат градот не само на сирискиот народ, туку и на целото човештво“, пренесува РИА „ Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња