Борис Џонсон планира во најскоро време да ја посети Русија

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон планира наскоро да ја посети Русија, соопшти портпаролот на британското МНР.

„Министерот за надворешни работи ја прими поканата на шефот на МНР (Русија) Сергеј Лавров да ја посети Москва наредниве недели“, изјави таа за РИА „Новости“.

Точниот датум на посетата ќе биде објавен подоцна.

Портпаролот на МНР Велика Британија исто така истакна дека за посетата се разговарало веќе некое време и, особено, во текот на средбата на премиерката на Британија Тереза Меј и претседателот на Русија Владимир Путин во Кина во септември 2016 година.

Во исто време, посетата на Џонсон не значи дека земјите се враќаат на комплетните билатерални односи, прецизираше британскиот дипломатски ресор.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња