Трамп со фотографија од Путин и лидерот на демократите во Сенатот на САД

Претседателот на САД Доналд Трамп го нарече лицемер лидерот на демократското малцинство во Сенатот на САД Чак Шумер, објавувајќи фотографија на која е Шумер заедно со рускиот претседател Владимир Путин.

„Потребно е да почнеме итна истрага против Шумер и неговите врски со Русија и Путин. Тотален лицемер!“, напиша Трамп на својот „Твитер“.

На фотографијата се насмеаните Шумер и Путин како држат во рацете хартиени чашки и крофни.

Donald J. Trump @realDonaldTrump We should start an immediate investigation into @SenSchumer and his ties to Russia and Putin. A total hypocrite!Donald J. Trump @realDonaldTrump We should start an immediate investigation into @SenSchumer and his ties to Russia and Putin. A total hypocrite!

„Со задоволство ќе одговорам: мојот контакт со господинот Путин и неговите соборци се случи 2003 година пред печатот и јавноста, подготвен сум да се заколнам во тоа. Дали сте подготвени Вие и Вашиот тим?“, го коментираше Шумер твитот на Трамп.

Шумер и неговите сопартијци бараат истрага за „врските на Трамп со Русија“ и „обидите на Русија да влијае на изборите во САД“.  Тој исто така е еден од иницијаторите на законот кој би го блокирал укинувањето на санкциите против Русија од страна на Трамп.

Противниците на Трамп добија нова причина за напад, откако се дозна дека новиот државен обвинител Џеф Сешнс двапати пред изборот за претседател разговарал со рускиот амбасадор Сергеј Кисљак, но во текот на сослушувањето за неговата кандидатура во Сенатот не го споменал овој факт. Демократите го повикаа Сешнс да си поднесе оставка, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња