Руски дописник од Сирија: „Одиме на Палмира“

Независниот руски новинар Олег Блохин, кој се наоѓа во редовите на сириската војска, јавува дека започнал нов јуриш на Палмира за повторно преземање на древниот град од терористите на „Исламската држава“.

Новинарот Олег Блохин кој во моментов се наоѓа со регуларната сириска војска, напиша на својот „Фејсбук“ профил дека почнала офанзива на древниот град, кој минатата пролет беше ослободен, а потоа повторно заземен од терористите на „Исламската држава“, пишува сајтот defence.ru. 

„Одиме во Палмира, браќа“, напиша тој на својот профил на „Фејсбук“.

Сириските владини сили завчера ја зазедоа висорамнината чија контрола претходно овозможи, како што наведува сајтот, терористите да почнат да се повлекуваат од Палмира. Во декември минатата година токму губењето на тие позиции значеше пораз за Сиријците.

Блохин исто така објави фотографии на кои се гледа техниката на јуришните единици, како што се тенкот Т-62 со зајакната оклопна заштита за куполата („Веѓите на Брежнев“), испорачана со „Сириски експрес“ од Русија, пишува сајтот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња