Путин: Русија нема да поддржи нови санкции против Сирија

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Москва нема да поддржи никакви нови санкции против Сирија.

Според шефот на руската држава, санкциите во моментов се неумесни и само ќе му попречат на преговарачкиот процес.

„Што се однесува до санкциите, мислам дека во моментов тоа е апсолутно неумесно во однос на сириското раководство, затоа што тоа не би му помогнало на преговарачкиот процес, туку само би му пречело или би ја поткопувало довербата во текот на тој преговарачки процес. Русија нема да поддржува никакви нови санкции против Сирија“, изјави Путин, пренесува „Газета.ру“.

Претходно беше соопштено дека Русија ќе стави вето на резолуцијата на СБ ООН за санкции против Сирија.

Предлог-резолуцијата за санкции против Дамаск беше поднесена на крајот на декември 2016 година од страна на Велика Британија и Франција.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња