Порошенко „нема да ги остави без поддршка“ жителите на Крим

Претседателот на Украина Петро Порошенко вети дека „нема да ги остави без поддршка“ жителите на Крим.

„Нема да ги оставиме без поддршка нашите сограѓани на привремено окупираниот од Русија Крим“, се вели на страницата на украинскиот лидер на „Фејсбук“.

Според зборовите на Порошенко, Русија „сноси одговорност за грубото прекршување на човековите права“ на полуостровот.

„Целиот цивилизиран свет знае: Крим е Украина. Ја продолжуваме борбата“, потенцира Порошенко, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња