Јапонија подготвена за соработка со Русија на Курилите

Според информациите на јапонските медиуми, соработката би можела да се реализира во сферите како што се медицинската помош, заштитата на животната средина, туризмот и риболовот.

Јапонските власти изразија подготвеност да ѝ предложат на Русија план за заедничка економска дејност на јужните Курили, пишува во неделата весникот „Никеи“.

Според информациите на изданието, Токио изразил желба да соработува со Москва во сферите како што се медицинската помош, заштитата на животната средина, туризмот и риболовот.

На пример, јапонските власти ја предложиле идејата за ефикасно пружање медицинска помош на жителите на јужните Курили. Се очекува во оваа иницијатива да земат учество специјалисти од острово Хокаидо, кои исто така ќе почнат да даваат консултации и преку Интернет.

Покрај тоа, во најскоро време Русија и Јапонија можат да се договорат за организација на крстарења на Курилите за јапонските туристи

Притоа страните ќе се стремат договорот за соработка да не навлегува во прашањата за спорните територии на островите, истакнува „Никеи“, пренесува „Интерфакс“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња