RT: Демократите подготвија план за соборување на Трамп

Целта на Демократската партија на САД е импичмент на претседателот Трамп до 2020 година.

Претставници на Демократската партија на САД составија план за соборување на претседателот Доналд Трамп, објави RT.

„Документот составен од Дејвид Брок содржи стратешки план на активности со цел отстранување на Доналд Трамп“, се наведува во текстот.

Програмата со која се запозна RT е објавена по состанокот на членови на Демократската партија со инвеститори на Флорида. Како што истакнува авторот на иницијативата, предложените мерки ќе доведат до импичмент на Трамп до 2020 година. Главното оружје на демократите ќе биде критиката на сите потези на Трамп.

„Тие планираат да формираат цел тим кој ќе ги следи односите на претседателот со лидерите на другите земји и ќе го надгледуваат секој чекор на новата администрација“, пишува RT.

Според податоците на ТВ-каналот, како една од своите главни цели демократите ја наведуваат борбата против таканаречените дезинформации на конзервативните медиуми кои го поддржуваат Трамп. Освен тоа тие планираат да соработуваат со „Фејсбук“ со цел социјалната мрежа да спречи ширење на „непријатни“ вести.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња