Шојгу предложи да се изгради копија на Рајхстагот за воени игри

Министерството за одбрана на Русија ќе изгради во воено-патриотскиот парк „Патриот“ во Подмосковје макета на зградата на Рајхстагот, на која ќе можат да јуришаат членови на „Јунармија“.

Ова во средата го изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

 

Паркот „Патриот“ се гради во подмосковска Кубинка од 2014 година. Се очекува да биде отворен годинава. Според Шојгу, макетата на зградата на Рајхстагот нема да биде изградена во комплетен вид. Тој исто така изјави и дека се планира да се изгради во паркот „партизанско село“, пренесува „Свобода.ру“.

 

На плановите на Министерството за одбрана на Русија реагираше германски „Шпигел“: „Овој проект е симптом на растечкиот национализам во Русија по анексијата на Крим“. „Во 2016 година на инцијатива на Сергеј Шојгу беше формирана патриотската младинска организација „Јунармија“. Тогаш министерот беше обвинет дека таквите структури придонесуваат за милитаризација на општеството“, напиша „Шпигел“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња