Промовиран „Македонскиот изложбено-трговски дом во Москва“

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак на промоцијата на „Македонскиот изложбено-трговски дом во Москва“. 23 февруари 2017, Скопје, Македонија.

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак на промоцијата на „Македонскиот изложбено-трговски дом во Москва“. 23 февруари 2017, Скопје, Македонија.

Промоцијата на деловниот центар, што е формиран во функција на зголемување на пласманот на македонските прехрамбени производи на рускиот пазар, беше извршена пред повеќе од 150 деловни луѓе, преставници на деловни асоцијации и државни институции од земјава.

 Во организација на Македонска-руската cтопанска комора во скопскиот хотел „Александар палас“ денес се оддржа промоција на „Македонскиот изложбено-трговски дом во Москва“, што свечено ќе биде отворен за еден месец на 23.3.2017 година во главниот град на Руската Федерација. 

На деловниот настан присуствуваа Михаил Цветков, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија,  Н.Е. Олег Николаевич Шчербак,  амбасадорот на Руската Федерација во  Република Македонија и други преставници на амбасадата, Н.Е. Гоце Карајанов, амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, како и гостите  Роман Викторович Дунко, потпретседател на Московската стопанска Комора, Илја Владимирович Платонов, виш советник на потпретседателот на Московската стопанска Комора, Виктор Тузарович Камболов претседател на управата на Евроазискиот деловен сојуз, како и  Инна Жарова и менаџментот на „Македонски дом“ од Москва.

„Идејата за македонски изложбено - трговски деловен центар  во Руската Федерација постои веќе со децении. Еве, сега таа се реализира од страна на Македонска-руската комора, која постојано  ги следи сугестиите и барањата на своите членки чии основен интерес е зголемување на извозот на македонските производи на овој голем пазар. Предлогот стигна од страна на Евроазискиот деловен совет, а врз основа на меморандомот за соработка меѓу Македонска-руската  и Московската стопанска комора, а се остварува со поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација и руската компанија „Македонски дом“, која е формирана заради интензивирање на стопанската соработка меѓу двете земји.Сето ова го правиме заради натамошно поттикнување на македонскиот извоз во Руската Федерација, кој бележи висок раст во последните четири години, тенденција која очекуваме да продолжи. Во таа функција ги преземаме овие активности  бидејќи ни е посебно значајно да расте размената меѓи двете земји, македонскиот извоз на долги патеки да стане одржлив и на тој начин да дојде до намалување на трговскиот дефицит што постои на македонска страна“, истакна Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонска-руска стопанска комора.

„Македонскиот изложбено-трговски дом“ ќе биде сместен во комплексот „Фуд сити“ во Москва, „трговски град“ на деведесетина хектари, на кој се лоцирани сите оние кои на лице место  ја вршат трговијата со руските узозници и дистрибутери. Со неговото отварање, сегашните и идните македонски извозници во Русија ќе можат да ги изложат своите производи, да складираат одредени количини, а руските извозници нив ќе ги имаат „на рака“ и ќе може веднаш да ги имаат во своите трговски и услужни објекти. Во исто време, „Македонски дом“ ќе им пружи целосна комерцијална, царинска и правна поддршка.

На свеченото отварање на „Македонскиот трговско-изложбен дом“ во Москва ќе присуствува бројна македонска бизнис делегација, која во главниот град на Руската Федерација ќе има и деловни средби со руски компании, членки на Московската стопанска комора.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија Михаил Цветков (седи четврти од десно) меѓу присутните на промоцијата на „Македонскиот изложбено-трговски дом во Москва“. 23 февруари 2017, Скопје, Македонија.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија Михаил Цветков (седи четврти од десно) меѓу присутните на промоцијата на „Македонскиот изложбено-трговски дом во Москва“. 23 февруари 2017, Скопје, Македонија.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња