На сајтот на МНР РФ се појави рубрика за лажни вести за Русија

Министерството за надворешни работи на Русија отвори на својот сајт рубрика посветена на „лажни вести“ за Русија, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

„Се работи за иницијатива која ја најавивме претходно, на 15 февруари, во врска со отворање на посебна рубрика на официјалната веб-страница на МНР, која ќе покажува примери од материјалите на публикациите кои шират неверодостојни информации за Русија. Денеска ја лансираме таа рубрика“, изјави Захарова.

Дипломатот истакна дека првата селекција е веќе објавена. „Можете да се запознаете со неа, влегувајќи во дело на сајтот на МНР под назив „Прес-служба“, потоа во „Публикации и деманти“, а во секцијата „Деманти“ со кликнување на рубриката „Примери на публикации кои шират неверодостојна информација за Русија“ (Примеры публикаций, тиражирующих недостоверную информацию о России), објасни Захарова.

„Овде ќе даваме како пример пропагандистички измислици на различни медиумски ресурси, ќе даваме линкови до нивните извори и така натаму“, додаде Захарова.

Портпаролот на МНР РФ изрази жалење што „оваа рубрика ќе се ажурира редовно“.

„Целта е да се покаже тенденцијата, да се покажат главните трендови на објавувањето лажни вести за нашата земја, да се направи сѐ што е можно за да се запре нивното ширење“, објасни Захарова.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња