Путин: Чуркин цврсто го бранеше ставот на Русија и не знаеше за пораз

Претседателот на Русија Владимир Путин го нарече Виталиј Чуркин еден од највидните дипломати кој брилијантно ги решаваше поставените задачи и не знаеше за пораз.

„Неговото предвремено заминување од животот е тешка, навистина ненадоместлива загуба за руската надворешна политика“, напиша Путин во телеграмата до семејството на дипломатот.

Претседателот истакна дека Чуркин беше „без претерување еден од највидните дипломати“ кој уживаше искрена почит од колегите и голем авторите меѓу странските партнери, пренесува „Взгљад“.

Путин потенцира дека Чуркин повеќе од 10 години во време во напрегнати услови цврсто и доследно ја бранеше позицијата на Русија, нешто што бараше огромни напори и посветеност.

„Независно колку тешко беше тоа, тој брилијантно ги решаваше задачите и не знаеше за пораз“, потенцира рускиот претседател.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња