Литванија се уплаши од руските „Заштитници“

Кината во Литванија одбија да го прикажуваат првиот руски филм со суперхерои „Заштитници“. Како што соопштува компанијата „Бест Филм“, која е дистрибутер на филмот во балтичките земји, причина за откажувањето е демонстрацијата на „прекумерната сила на руската армија“.

„Претставниците на литванските кина се откажаа од прикажување на филмот „Заштитници“. Како причина се наведува содржината на филмот во кој се демонстрира „преголемата сила на руската армија, нејзината агресивна воена техника“, се вели во соопштението на компанијата, пренесува „Рубалтик.ру“.

Без оглед на тоа, во Латвија и Естонија премиерата на филмот ќе се одржи на денот на неговата руска премиера – 23 февруари.

„Заштитници“ е таканаречениот руски одговор на американските филмови направени врз база на стрипови. Во филмот се раскажува за група суперхерои кои се собрани од различни краишта на СССР во ерата на студената војна. Натчовечките способности на секој од хероите ги одразуваат квалитетите и традициите на народите на Советскиот Сојуз.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња