Украински пратеник предлага Русија да го изнајми Крим во замена за Донбас

Планот што ѝ бил понуден на американската администрација предвидува Русија да го изнајми Крим од Украина за период од 30-50 годинин.

Уште пред да поднесе оставка Мајкл Флин од местото советник на Трамп за национална безбедност, тој добил предлог во рамките на кој е наведено како може да се укинат санкциите против Москва, пишува „Њујорк Тајмс“.

Украинскиот пратеник Андреј Артаменко ги откри деталите од плановите  во чии рамки се предлага меѓу другото и спроведување референдум во Украина за прашањето на давање под наем на Крим на Русија за период од 50 или 100 години, како и „повлекување на сите руски сили од истокот на Украина“.

Артеменко, кој како што пишува „Њујорк Тајмс“ се гледа како иден лидер на Украина според примерот на Доналд Трамп, изјавува дека има докази за називи на компании и парични трансакции кои ја покажуваат корумпираноста на сегашниот украински лидер Петро Порошенко. Тој е убеден дека тие докази ќе помогнат да се отстрани од функцијата претседателот на Украина.

Засега е нејасно дали Белата куќа ќе го прифати овој предлог сериозно. Весникот пишува дека луѓето кои ја промовираат оваа идеја, вклучително и Артаменко, имаат сомнително минато: украинскиот пратеник поминал две и пол години во затвор во Киев поради проневера, нешто за што тој тврди дека били политички мотивирано, пренесува RT.

На овој предлог реагираше вицепремиерот на кримската влада Георги Мурадов, кој изјави дека Киев со исто толкав успех може да ја изнајмува и Месечината.

Тој го нарече присоединувањето на Крим кон Русија како легално основано од меѓународно-правно гледиште.

Според него, „кримскиот народ се заштити од уништување, кога над републиката надвисна заканата од етничко чистење од страна на националистичките власти во Киев“.

Советот на Федерацијата на РФ го нарече „планот“ апсурден и неприфатлив, а портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Кремљ не знае ништо за „планот“, пренесува „Взгљад“.

 

  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња