САД и Русија остануваат најголеми извозници на оружје во светот

Заедничкиот удел на САД и Русија во светскиот извоз на оружје изнесува 56% за периодот од 2012 до 2016 година, соопштува Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на проблемите во светот.

На чело на петте најголеми извозници на оружје се наоѓаат САД со удел од 33% на пазарот на глобален извоз на оружје. Купувачи на американското оружје се Саудиска Арабија, (13%), Обединетите Арапски Емирати (8,7%) и Турција (6,3%). Притоа Вашингтон успеа да го зголеми последниве пет години извозот на оружје за 21%, испорачувајќи оружје во најмалку 100 држави, пренесува „Взгљад“.

Русија со 23% од светскиот извоз го зазема второто место. Главни купувачи на руско оружје се Индија (38%), Виетнам (11%) и Кина (11%). Од 2012 до 2016 година Русија продала оружје во 50 земји.

Кина го зазема третото место на списокот со удел од 6,2% во светскиот извоз. Понатаму следат Франција (6%) и Германија  (5,6%).

СИПРИ исто така соопштува дека во споредба со претходниот период од пет години, испораките на оружје во светот се зголемиле за 8,4%, што претставува најголем показател од 1990 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња