Медиум: Противниците на руската политика на Трамп се „корисни идиоти” на ИД

Трамп може да каже да оние кои денес го обвинуваат се фанатични заштитници и покровители на „Исламската држава“, пишува „Национален Интерес“.

Ако во САД на крајот победи коалицијата „Плашете се од Русија“, тоа ќе ги ограничи можностите на Америка во борбата против терористичката организација „Исламска држава“, и на Кина, исто така, ќе ѝ обезбеди дополнителни лостови на влијание врз Москва и Вашингтон, пишува „Национален Интерес“. Така, противниците на плановите за соработка со Москва би можеле да станат „корисни идиоти“ за „Исламската држава“ и Кина.

Нема повеќе надеж дека Вашингтон ќе биде уште еден сојузник на Русија во Сирија и дека двете земји ќе преземат заеднички активности во борбата против ИД или дека ќе биде можно да се регулира конфликтот во Украина преку поинтензивни односи меѓу Русија и САД, се вели во статијата. Авторот на текстот смета дека наскоро би можела да исчезне каква било можност за подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон.

„Национален Интерес“ истакнува дека ако во САД победи коалицијата „Плашете се од Русија“, тоа ќе ги ограничи можностите на Вашингтон во борбата против ИД, ќе го отежни добивањето поддршка во Советот за безбедност на ОН за спроведувањето на нуклеарниот договор со Иран, ќе придонесе за тоа Техеран да ја добие поддршката на Москва во случај властите на САД да преземе воена акција против Иран, а на Кина ќе ѝ обезбеди дополнителни лостови на влијание врз Русија и на САД.

„Тоа што во случај на ваков развој на настаните ќе гинат невини Американци се чини дека не ги загрижува оние кои веруваат дека признавањето на стратешките приоритети е знак на пораз. Г-дин Трамп треба без двоумење да го изнесе овој аргумент. Ако тоа бидат последиците од долготрајното непријателство меѓу Русија и САД за кои некои се залагаат, тогаш претседателот може да каже дека оние кои денес го обвинуваат се фанатични заштитници и покровители на ИД и на ајатолахот на Иран, а исто така и да ги окарактеризира како „корисни идиоти“ кои ги поддржуваат амбициите на Пекинг“, заклучува изданието, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња