Рогозин: Новите руски ракети ќе можат да ја „раскинат“ американската ПРО

Новите балистички ракети кои Русија ги развива ќе можат да ја совладаат секоја противракетна одбрана на САД, изјави потпретседателот на владата на РФ Дмитриј Рогозин.

Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин во емисијата „Неделна вечер“ на телевизијата „Русија 1“ изјави дека во моментов во вооружувањето на Русија се наоѓаат различни модели на ракети, меѓу кои се и советските „Војвода“, според класификацијата на НАТО познати како „Сатана“. 

Како што изјави тој, тоа се сигурни модели на вооружување од кои се плашат западните земји.

Создавањето на нови модели ракети се одвива според планот, истакна Рогозин. Според него, сегашната, како и перспективната противракетна одбрана на САД не претставува за Русија сериозна закана. „Ние ќе ја раскинеме таа одбрана“, изјави Рогозин, пренесува РИА „Новости“.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња